ВИДЕО: Погледнете кадри од тестирањата на борбениот робот „Маркер“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На космодромот „Восточни“ на Далечниот Исток на Русија снимено на видео патролирање на борбениот робот „Маркер“.

Машината ја контролира состојбата на напојувањето и комуникациските линии, набљудувајќи го целокупниот периметар на објектите. Роботот се движи по зададена рута во целосно автономен режим, потпирајќи се на интелигентен систем за техничко набљудување. Системот не го доведува во заблуда – „Маркер“ ги заобиколува сите пречки на својот пат, пишува „Росијскаја газета“.

Претходно на 8 октомври „Роскосмос“ како експеримент ја интегрираше роботизираната платформа во системот за обезбедување на космодромот. Резултатите од тестирањата ги откриваат перспективите за создавање роботизирани средства, наменети за  особено важни државни објекти.

Роботот „Маркер“ е развиен во 2018 година во рамките на заедничкиот проект на Фондот за перспективни истражувања и НПО „Андроидна техника“. Има платформа и на гасеници, и на тркала. Може да биде вооружен со митралез „Утјос“ со калибар 12,7 мм и блок за два РПГ-26.