Обновениот ППК-20 прикажан на видеоснимка до најситни детали

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Пробниот примерок на автоматот ППК-20 на групата компании „Калашников“ е многу детално прикажан на видеоснимка. Видеото овозможува да се видат до најситни детали компензаторот, Пикатини-шината и други карактеристики на оружјето.

ППК-20 првпат ѝ беше претставен на пошироката јавност на форумот „Армија 2021“. Со склопен телескопски кундак автоматот е долг само 41 цм, а во борбена позиција 60-66 цм. Без муниција тежи 2,6 кг.

Обновениот ППК-20 има Пикатини-шина, така што на него можат да се закачат тактички лампи, оптички нишани и инфрацрвени обележувачи на целта.

Конструкторите тврдат дека куршумот со калибар 9х19 мм што го користи ППК-20 пробива панцир со ниво на заштита IIIA. Оружјето испукува 800 куршуми во минута. Шаржерот собира 30 куршуми.

Се претпоставува дека ППК-20 ќе биде користен како резервно оружје на пилотите, т.е. дека пилотите ќе го користат за самоодбрана по катапултирање.