ППК-20 првпат ѝ беше претставен на пошироката јавност на форумот „Армија 2021“. Со склопен телескопски кундак автоматот е долг само 41 цм, а во борбена позиција 60-66 цм. Без муниција тежи 2,6 кг.
Обновениот ППК-20 има Пикатини-шина, така што на него можат да се закачат тактички лампи, оптички нишани и инфрацрвени обележувачи на целта.
Конструкторите тврдат дека куршумот со калибар 9х19 мм што го користи ППК-20 пробива панцир со ниво на заштита IIIA. Оружјето испукува 800 куршуми во минута. Шаржерот собира 30 куршуми.
Се претпоставува дека ППК-20 ќе биде користен како резервно оружје на пилотите, т.е. дека пилотите ќе го користат за самоодбрана по катапултирање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче