Русите тестираа нова ракета за крајбрежниот ракетен систем 3К60 „Бал“: пробиена границата од 500 км

3К60 Бал

3К60 Бал

vitalykuzmin.net
Од военоиндустрискиот комплекс напоменуваат дека тактичко-техничките можности на новиот проектил, кој е интегрален дел на вооружувањето на крајбрежниот ракетен систем „Бал“, овозможија овој комплекс во однос на ефективниот дострел практично да се изедначи со ракетниот систем за иста намена „Бастион“, кој користи суперсонични проектили со низок профил на лет 3М55 П-800 „Оникс“.

„За време на едно флотно тестирање на новата ракета на крајбрежниот ракетен комплекс „Бал“ од класата „земја-вода“ утврдивме дека нејзиниот дострел ја надмина границата од 500 километри. Исто така, со подобрувањето на системот за управување со огнот добивме можност за гаѓање копнени цели“, пренесува веб-порталот „Взгљад“.

Од военоиндустрискиот комплекс напоменуваат дека тактичко-техничките можности на новиот проектил, кој е интегрален дел на вооружувањето на крајбрежниот ракетен систем „Бал“, овозможија овој комплекс во однос на ефективниот дострел практично да се изедначи со ракетниот систем за иста намена „Бастион“ (користи суперсонична ракета „Оникс“). Покрај тоа, „Бал“ ќе може да гаѓа и цели на копно.

Минатиот месец беше реализирана воена вежба со боево гаѓање, при што екипажите на ракетниот систем „Бал“ уништија брод на условниот непријател кој се наоѓаше во арктичката зона. Во јули, слична вежба беше изведена и на подрачјето на Камчатка. На почетокот на 2019 година десет нови самоодни лансирни единици на крајбрежниот ракетен систем „Бал“ влегоа во вооружувањето на ракетните формации на Тихоокеанската флота. Во истиот тој месец цел еден дивизион влезе во вооружувањето на Касписката флотила во Дагестан. Пред неколку години ракеташите распоредени на Курилските Острови, исто така, ги усвоија овие системи (заедно со гореспоменатиот ракетен систем „Бастион“).

Бал (индекс ГРАУ 3К60, ознака НАТО: SSC-6 «Sennight» (рус. „неделя“) е крајбрежен ракетен комплекс вооружен со противбродски ракети Х-35. Во вооружувањето се наоѓа од 2008 година. Неговата основна намена е ефикасна контрола на крајбрежниот појас и заштитата на водното пространство од непријателски пловила. Се користи за заштита на поважните воено-поморски пристаништа, крајбрежните градови, воената и цивилната инфраструктура како и за одбрана на чувствителните зони од евентуален поморски десант на непријателот. Една лансирна единица е опремена со 8 ракети Х-35/Х-35У сместени во лансирните контејнери. Овие контејнери се наоѓаат на мобилната платформа МЗКТ-7930. Една батерија ракетен комплекс „Бал“ е составена од команден пункт за управување и врска (2 единици), 4 лансирни единици со вкупно 32 ракети, и 4 логистичко-транспортни единици со капацитет од уште 32 ракети кои вршат и полнење на лансирните единици.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња