Крајбрежен ракетен систем „Утјос“
Министерство за одбрана на РФПорталлот The Drive се заинтересира за видеоснимката од неодамнешните маневри на Крим што ги објави телевизијата „Ѕвезда“. Батерија крајбрежен ракетен систем „Утјос“ истрела противбродска ракета 3М44 „Прогрес“ која потоа успешно ја пресретна системот за противвоздухопловна одбрана „Штиљ“ од фрегатата „Адмирал Григорович“.
Авторот истакнува дека овие маневри не го покажуваат само новото вооружување, туку и „неминливата важност“ на стариот советски систем „Утјос“, кој руската морнарица сé уште го користи. Видеото „дава можност детално да се погледне дејството на помалку познатото руско оружје, моќниот противбродски систем за крајбрежна одбрана „Утјос“.
Системот е воведен во експлоатација 1973 година, а девет години подоцна е модернизиран кога ја доби противбордската ракета од трета генерација „Прогрес“ 3М44 со варијанта која има нуклеарна боева глава со моќност од 350 килотони.
Во статијата се истакнува дека „Утјос“ не е толку ефикасен како посовремените крајбрежни ракетни системи „Бастион“ и „Бал“, но е сé уште ценет во Воената морнарица на Русија.
„Дури и ако овој ветеран од времето на Студената војна сега само делумно се користи за обука на противвоздухопловната одбрана, сепак тој и понатаму има корисна улога“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче