Американски експерти загрижени од повторното активирање на ракетниот комплекс „Утјос“ на Крим

Youtube
Информацијата за повторното активирање на фиксниот ракетен противбродски комплекс „Утјос“, кој се наоѓа на рускиот полуостров Крим, значително ги заинтересира странските воени новинари. Американскиот аналитичар на магазинот „Национален Интерес“ (The National Interest) Мајкл Пек ги нарекува овие далекуметни и маневарбилни ракети „опасни убијци на американската флота“.

Новинарот напоменува дека ракетниот комплекс за крајбрежна одбрана „Утјос“, направен уште за време на СССР, претрпел сериозна модернизација по враќањето на полуостровот Крим во состав на Руската Федерација. Тој стана современ инструмент за евентуално одбивање на потенцијалната инвазија која би уследила од басенот на Црното море, наведува интернет-порталот РГ.

„Објектот-100“ е поставен уште во 1957 година на поширокото подрачје на ’ртот Аија. По распадот на Советскиот Сојуз овој систем е предаден за употреба на украинската војска која не водеше сметка за неговото одржување, така што комплексот, како што минуваа годините, сѐ повеќе пропаѓаше. Во 2014 година целиот комплекс е обновен, а набрзо по долги години оттаму се лансирани и првите противбродски ракети.

„Успешното лансирање противбродски ракети по фазата на неговото ремонтирање и враќање во оперативна функција ја покажа целата готовност на овој комплекс да го заштити брегот на полуостровот Крим. Независно дали се тоа крстосувачи, фрегати, десантни бродови или ракетни чамци, само една ракета лансирана од овој комплекс е доволна да елиминира комплетен брод“, изјави генералниот конструктор на НПО „Машиноградба“ (НПО Машиностроения) Александар Леонов.

Ракетниот комплекс за заштита на брег „Утјос“ може да ги погоди своите цели на далечини до 300 км. Покрај овој систем, кој инаку е фиксен/неподвижен, бреговите на Крим ги бранат и мобилни противбродски ракетни системи како што е „Бастион“, но и самоодниот артилериски комплекс „Бал“.

Мајкл Пек исто така додава дека за земјите кои имаат огромна крајбрежна одбранбена линија (која се протега преку два континента и чии брегови ги заплиснуваат водите на два океана) е многу поевтино да образуваат мешовита ракетно-артилериска одбрана отколку да градат огромна воена флота.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња