Су-35С
Виталиј В. КузминТурција може да купи руски ловци Су-35 и Су-57 наместо американски F-16. Ова го изјави шефот на Управата за воена индустрија на Турција, Исмаил Демир. Неговата изјава ја пренесува РИА „Новости“.
Демир истакна дека Турција може да купи руски ловци Су-35 и Су-57 доколку дојде до замрзнување на продажбата на авиони F-16. „Доколку биде неопходно, во секој момент може да биде активирана темата Су-35 и Су-57. Нашата индустрија прави сé за да ја осигура нашата безбедност, и ако е потребнио нешто дополнително, секогаш можеме да најдеме излез“, рече тој.
На почетокот на октомври јавноста дозна за плановите за купување 40 ловци F-16V Block 70 и 80 комплети за модернизација на постојните авиони за потребите на турското Воено воздухопловство. На нов договор се работи откако Турција беше исклучена од програмата за ловците од петтата генерација F-35 Lightning II, а беше исклучена затоа што купи руски ПВО-системи С-400.
Во април претставникот на компанијата Pratt & Whitney Метју Бромберг истакна дека исклучувањето на Турција од програмата за развој на Ф-35 довело до поскапување на моторите Pratt & Whitney F135. Тој нагласи дека еден број делови за овој мотор се правеа во Турција.
Во јуни 2020 година Исмаил Демир претпостави дека цената на секој авион F-35 ќе скокне за 7-9 милиони по излегувањето на Турција од програмата. Тој нагласи дека ќе порасне и вкупниот износ на трошоците за производство на авионот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче