МЕДИУМИ: Првите ПВО-системи С-500 веќе го штитат небото над Москва

Сергеј Малгавко/Sputnik
Војниците на 15-та армија за специјална намена на Воздушно-космичките сили на Русија (ВКС) кои ја обезбедуваат одбраната на воздушниот простор над Москва и Централниот индустриски регион, се вооружија со системи С-500.

За пристигнувањето на првиот бригаден комплет на најновите противвоздушни ракетни системи соопшти за ТАСС извор, близок до воениот ресор.

Тој прецизира дека втората бригада С-500 ќе влезе во состав на вооружувањето во текот на првата половина на 2022 година, пишува „Росијскаја газета“.

Претходно главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски во разговор со „Росијскаја газета“ изрази мислење дека С-500 ќе го покрива Централниот индустриски реон. Тој треба да работи со системите за противракетна одбрана (ПРО) А-135 „Амур“, со кои ќе ефикасен противракетен чадор над рускиот главен град.  

Концептот за петтата генерација ПВО-системи го разви НПО „Алмаз“ во 2002 година. Во 2011 година беше разработен предлог-проектот. По 10 години - во август 2021 година, завршија тестирањата на С -500 „Прометеј“. Радиусот на дејство на С-500 е околу 600 километри. Системот може да открие и уништи до десет балистички суперсонични цели истовремено. Исто така, може да погоди боеви глави на хиперсонични ракети. Поради способноста на С-500 да дејствува врз цели во поблиската вселена, тој спаѓа во првата генерација системи за вселенска одбрана.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња