Кинескиот весник The Paper потсетува дека во Кина се направени неколку нови противвоздухопловни ракетни системи, на пример HQ-9B, HQ-22 и HQ-19 кои ги претставуваат најновите достигнувања на Пекинг во сферата на противвоздухопловната и противракетната одбрана.
„Сите тие, меѓутоа, воопшто не можат да се споредат со противвоздухопловниот ракетен систем С-500 во кој се интегрирани средства за воздухопловна и вселенска одбрана“, истакнува авторот на статијата Лин Сен.
Според него, кинеските власти треба сериозно да размислат за набавка на овој систем доколку се појави верзија за извоз.
С-500 „Прометеј“ („Триумфатор-М“) припаѓа на новата генерација противвоздухопловни ракетни системи „земја-воздух“. Тоа е универзален систем со голем дострел за висинско пресретнување со зголемен противракетен потенцијал. Системот не уништува само балистички, туку и аеродинамични цели (авиони, хеликоптери), како и крстосувачки ракети во радиус од 600 километри.
Според своите карактеристики С-500 ќе биде значително подобар од системот С-400 со кој во моментов е вооружена руската армија, како и од американскиот конкурент Patriot Advanced Capability – 3.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче