C-400
Министерство за одбрана на Русиjа„Триумфатор“ ќе влезе во вооружувањето на руската војска годинава, најави претходно заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко. Тактичко-техничките карактеристики на системот не се обелоденети, но според информациите од јавно достапни извори, познато е дека С-500 ќе може да соборува балистички ракети на растојание од 600 километри, а непријателски авиони на 500 километри.
Ракетата 77Н6, која спаѓа во арсеналот на системот, е наменета за пресретнување хиперсонични цели и боеви блокови на балистички ракети. Претходно против неа можеше да се бори само стратешкиот ПРО-систем А-135 „Амур“ кој ја покриваше Москва и целиот индустриски реон.
„Триумфатор“ може да се пофали со бројни карактеристики кои се најдобри во својата класа. Системот е во состојба да гаѓа десет комплексни цели (боеви блокови на интерконтинентални балистички ракети) и поедноставно го обележува големиот број мети, како што се авиони и крстосувачки ракети.
Сепак, за последниве постојат високоефикасните системи С-300/400, а С-500 ќе ја заземе специјализираната нишка на заштита од хиперсонични и балистички ракети. Според податоците на проектантите на системот, С-500 ќе може да соборува и сателити во ниските орбити.
Тешко дека единиците за ПВО ќе се префрлат од С-400 на С-500 „Триумфатор“, новиот систем е скап и има поинакви задачи. Најверојатно е дека двата система ќе работат заедно надополнувајќи се еден со друг, смета авторот на текстот Марк Епископос.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче