Во САД се зборува за рускиот „убиец“ на американските „невидливи“ ловци

Борбените авиони Lightning II и F-22 Raptor на Военото воздухопловство на САД за време на показниот лет на Кралската меѓународна воздухопловна изложба во Фаирфорд, Велика Британија.

Борбените авиони Lightning II и F-22 Raptor на Военото воздухопловство на САД за време на показниот лет на Кралската меѓународна воздухопловна изложба во Фаирфорд, Велика Британија.

Leonid Faerberg/Global Look Press
Русија наскоро ќе ги добие противвоздушните ракетни системи од новата генерација С-500 кои можат да се спротивстават на напредните „стелт“ платформи на НАТО.

Овој систем е еден од најефикасните одговори на Москва на модерните американски „невидливи“ ловци како што се Lightning II и F-22 Raptor, пишува „Нешионал интерест“. Авторот на статијата Марк Епископос смета дека С-500 е подобар од претходниот модел С-400 и дека, згора на тоа, има многу нови можности благодарение на кои овој систем според ефикасноста претставува посебна класа оружје.

С-500 има модернизирани ракети од серијата 77Н6 и може да пресретнува хиперсонични крстосувачки ракети и други објекти кои летаат со брзина поголема од пет маха. Според тоа, системот може да уништува балистички ракети во радиус од 600 километри, и тоа истовремено десет ракетни боеви глави кои се движат со брзина од над шест километри во секунда. Според произведувачот, тој може да загрози и определени видови сателити кои летаат во пониската орбита.

„С-500 задава силен удар на американскиот престиж. Нашиот систем го неутрализира американското офанзивно оружје и ги надминува нивните добро изрекламирани системи на противвоздушна и за противракетна одбрана“, го цитира авторот на статијата Павел Созинов, генерален конструктор на концернот „Алмаз-Антеј“ каде овие системи се произведуваат.

Епископос нагласува дека овој систем не е обична замена за стариот С-400, ами дека станува збор за дополнителна алка во ешалонираната мрежа на ПВО на Русија. Новиот систем е наменет за заедничко функционирање со постарите средства за противракетна одбрана како што се С-44 и С-300, а исто така и со голем број зенитни системи со мал и со среден дострел, заклучува авторот.

С-500 „Прометеј“

Зенитно-ракетниот систем С-500 „Прометеј“ спаѓа во новата генерација системи од класата „земја-воздух“. Првите примероци ќе бидат испорачани на армијата оваа година, а сериското производство ќе започне во 2025 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња