Тенк Т-14 „Армата“ во текот на поминувањето на воената техника по улицата „Барикаднаја“ во рамките на пробата за парадата на Црвениот плоштад по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна.
TASSНа почетокот на октомври во Русија беа претставени и ставени во функција борбените аеросолни проектили 3ВД35 за најмоќните борбени тенкови во земјата Т-14 „Армата“.
„Целта на ова оружје е да создаде заштитна чадна завеса која ги крие тешко вооружените грдосии од непријателските системи на високопрецизно оружје. Уште поважно, овој чад создава слој во воздухот што не можат да го пробијат ласерските навигациски системи интегрирани во боевите глави на најмодерните ракети. Тоа е добро средство за подигање на одбранбената моќ на оклопната техника“, изјави Иван Коновалов, директор за развој во Фондот за унапредување на технологиите на 21 век.
Тенк Т-14 („Објект 148“), тешка гасенична универзална платформа (ТГУП) „Армата“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netСистемот ќе работи на следниов начин: штом внатрешните компјутери ќе откријат опасност што се приближува, проектилите 3ВД35 се испукуваат во правец на нападот и распрскуваат аеросолен екран, заслепувајќи ги системите за наведување во непријателските ракети.
Овие проектили ќе ги заштитат најтенките делови на оклопот Т-14 во горната хемисфера кои немаат динамичка или противкумулативна заштита.
Оружјето првично беше дизајнирано да ја „заслепи“ и онеспосби целта со помош на честички отпорни на светлина и топлина, така што е супериорно во однос на најмодерните противтенковски проектили на светот, т.е. на американските Javelin и AGM-114 Hellfire. Тие проектили се многу напредни системи на вооружување кои на бојното поле претставуваат опасност дури и за борбените тенкови од нова генерација. Најновиот руски тенк Т-14 „Армата“ не е исклучок во тој поглед.
Тенк Т-14 („Објект 148“), тешка гасенична универзална платформа (ТГУП) „Армата“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netРускиот тенк, како што истакнува експертот, ќе добие дополнителна заштита за другите послаби делови, т.е. за тркалата и гасениците. Инженерите ќе додадат „решеткасти заштитни екрани“ кои ќе го заштитат „Армата“ од најмасовното средство за уништување тенкови, т.е. од кумулативни гранати.
Овој дополнителен оклоп ќе ја деформира гранатата при ударот и ќе ја намали енергијата на експлозијата.
Коновалов објаснува дека се работи за ефикасни и ефтини заштитни средства кои повеќекратно ја подобруваат заштитата на моторот и трансмисијата кога борбените дејствија се изведуваат во урбана средина.
Од друга страна, овие „решеткасти заштитни екрани“ имаат и свои недостатоци. Најважен е оној дека тие не се доволно универзални, бидејќи тие целосно го штитат тенкот само од одредени типови рачни противтенковски гранати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче