Во Русија создадена нова заштита за тенкови

Во Русија е изработена нова муниција за заштита од високопрецизни оружја, која ќе ја зголеми издржливоста на оклопната техника на бојното поле. Се работи за проектил со калибар 76-мм и маса од 2,8 кг.

Ова го соопшти прес-службата на државната корпорација „Ростех“. Со работата на проектот се занимаваат соработници на Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба (ЦНИИточмаш). Идејата на пронајдокот се сведува на фактот дека во случај на закана, заштитниот проектил пука и создава завеса од аеросолни-диполни пречки. Тие го „заслепуваат“ системот за наведување на непријателската високопрецизна муниција. Притоа густината на комбинираната завеса против муниција со ласерско, оптичко, топлинско и радарско насочување е 1,5 пати повисока отколку кај панданите.

Муницијата може да се користи како за постојните примероци оклопна техника, така и за перспективните. Нивното дејство ќе биде претставено за прв пат во рамките на меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“. Се планира државните тестирања да завршат оваа година, пишува „Росијскаја газета“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња