„Рособоронекспорт“ ќе го претстави во Србија и новиот ПРЛ 9К51М „Торнадо-Г“ со дострел од 100 км

9К51М „Торнадо-Г“

9К51М „Торнадо-Г“

vitalykuzmin.net
Се работи за модернизирана верзија на повеќецевниот ракетен лансер „Град“ 9К51. Орудијата од овој тип се опремени со најсовремени системи за управување со огнот кои се поврзани со сателитска навигација и компјутери со голема брзина кои ги пресметуваат балистичките влезни податоци за гаѓање, што овозможува значително намалување на подготовката за напад што се одвива во автоматски режим на работа. За овој систем е развиена и нова гама на реактивна муниција со дострел и до 100 километри.

АД „Рособоронекспорт“ (составен дел на Државната корпорација „Ростех“) првпат ќе учествува на X Меѓународен саем на вооружување и воена опрема „Партнер 2021“ што годинава се одржува од 11-14 октомври на Белградскиот саем. Според првиот човек на државната корпорација „Рособоронекспорт“ Сергеј Михеев на штандот № 4001 во павилјонот 4 на белградскиот саем ќе биде претставен и модернизираниот повеќецевен ракетен лансер 9К51М „Торнадо-Г“.

Главната разлика во однос на основната верзија на 9К51 „Град“ се однесува на далеку поквалитетниот систем за управување со огнот поврзан со сателитска навигација и компјутер што ги пресметува балистичките влезни податоци за гаѓање, што овозможува значително намалување на подготовката за напад што се одвива во автоматски режим на работа. Модернизираното орудие 9К51М „Торнадо-Г“ ќе добие и нова муниција со калибар 122 мм, која е дури 6-10 пати поефикасна во однос на стандардните ракети 9М22У кои ги користи овој систем. Вкупно се направени три типа муниција за модернизираниот ПРЛ 9К51М „Торнадо-Г“. Моделите на новата муниција беа претставени на саемот на вооружување и воена опрема „Армија 2018“. Се проценува дека во зависност од типот на ракетната муниција, ефективниот дострел на ова средство во далечина е во опсег од 40 до повеќе од 100 км.

Руските експерти сметаат дека употребата на вакви модернизирани артилериски орудија обезбедува зголемување на прецизноста на огнот за 30%, додека со употреба на високопрецизни наведувани типови на артилериска муниција од нова генерација, прецизноста ќе достигне вредности од 0,98-0,99.

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња