Military Watch: Ракетите „Циркон“ значително ќе ја зголемат огнената моќ на руската флота

Андреј Лузик/TASS
Русија прв пат изврши лансирање на хиперсонична противбродска крстосувачка ракета „Циркон“ од подводна позиција од нуклеарниот подводен крстосувач „Северодвинск“. Ракетата успешно ја погоди целта во Баренцовото Море.

Според списанието Military Watch, со овие проектили Воената морнарица на Русија значително ќе ја зголеми огнената моќ на своите бродови.

Во статијата се одбележува уникатноста на крстосувачките ракети. Тие се карактеризираат со маневарбилност, брзина од околу 9 Мах и дострел од преку 1000 километри. „Циркон“ има повеќе предности од ракетите „Калибар“, кои веќе имаат многу помодерна и универзална конструкција од некои западни конкуренти, пишува „Росијскаја газета“.

Military Watch забележува дека „Циркон“ може да се користи буквално на секој руски брод - од малите корвети до нуклеарните подморници и крстосувачтеи. Во моментов во арсеналот на руската Воена морнарица се две подморници од класата „Јасен“, а уште 7 се во фаза на изградба или тестирање. „Цирконите“ распоредени на нив значително ја зголемуваат огнената моќ на Воената морнарица на Русија. Тие овозможуваат непријателот да биде погоден од поголемо растојание и имаат многу поголеми шанси да ги избегнат напредните средства за ПВО.

Во статијата се забележува дека на бродовите може да се распоредат 32-40 ракети „Циркон“- способни да уништат многу поголеми воени бродови со еден погодок поради својата огромна брзина. Така, еден брод од класата „Јасен“ може двапати да ги извади од строј ударните групи предводени од носачи на авиони. Иако ракетите „Циркон“ се многу скапи, во перспектива можат сериозно да ги прошират можностите на руските подморници, особено на отворено море.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња