ВИДЕО: Русите истрелаа ракета „Циркон“ од нуклеарната подморница „Северодвинск“

Андреј Лузик/TASS
Министерството за одбрана на Русија објави видео од првото пробно лансирање на хиперсонични ракети „Циркон“ од подморницата.

Во улогата на платформа за тестирање беше нуклеарната подморница на Северната флота „Северодвинск“, главното пловило според проектот „Јасен“. Оваа подморница треба да стане носач на хиперсонични ракети. Лансирањето беше извршено во Баренцовото море ноќе од површинска позиција врз условна морска цел. Податоците на објективната контрола покажаа дека летот на проектилите одговара на поставените параметри, условната цел е погодена, пишува „Росијскаја газета“.

Пробното гаѓање е прогласено за успешно. До крајот на годината „Северодвинск“ уште еднаш ќе лансира „Циркон“ - овој пат од подводна позиција.

Хиперсоничната ракета „Циркон“ може да достигне брзина од 9 Маха и е способна да погоди надводни и копнени цели на дистанца од повеќе од 1000 километри.

За време на тестирањата во 2020 година „Циркон“ достигна брзина од 6000 км/ч. Во моментов не постои заштита од такво брзо оружје. Оваа ракета, исто така, може да биде опремена и со нуклеарна боева глава и, иако нејзината главна намена е да уништува бродови, „Циркон“ може да се користи и за гаѓање на копнени цели.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња