Регрут на авганистанската локална полиција се подготвува да стрела од АК-47, провинција Забул, Авганистан.
Aclosund Historic/Legion MediaАК и во 2021 година ќе биде една од најчесто користените автоматски пушки во светот. Нејзиниот тираж ширум светот ќе надмине 100 милиони примероци. Многу земји ја произведуваат оваа автоматска пушка во нивните фабрики, но не сите модели вредат за вашето време и пари.
Ова е листата на најлошите модели на автоматски пушки „Калашников“ кои можете да ги најдете на пазарот на оружје ширум светот.
Кинеска јуришна автоматска пушка Type 56-2.
Military Images/Legion MediaСССР ѝ ја стави на располагање на Кина технологијата на производство на автоматски пушки „Калашников“ уште во 1956 година. Првите верзии на автоматската пушка од кинеско производство беа прилично добри, но со текот на времето нивниот квалитет значително опадна. На пример, кај некои автоматски пушки цевката се нишаше во сандакот со ракофатот. „Тешко е и да се замисли, но така беше“, вели Владимир Онокој, раководител на Одделението за военотехничка соработка на концернот „Калашников“.
Со текот на времето кинеските фабрики почнаа да го „рационализираат“ производството и да ги намалуваат трошоците, што дополнително ја влоши ситуацијата. Падот на квалитетот се компензираше со ниската цена. Според експертите на концернот „Калашников“, половна автоматска пушка на меѓународниот пазар чинеше околу 400 долари, а кинескиот модел само 93 долари.
„Главните проблеми со кинеските модели на АК се нискиот квалитет на пружините, извлекувачот на чаурата и сигурносните механизми, малата прецизност и уште многу други нешта. Некои дури тврдат дека тие автоматски пушки се направени од џвакана фолија“, вели Јуриј Синичкин, поранешен снајперист и водечки инженер на корпорацијата Lobaev Arms.
Ирачка верзија на „Калашников“ АК-47, Табук.
Military Images/Legion Media„Ирак ја доби технологијата за производство на АК од Југославија, која никогаш немаше официјална лиценца за производство на овие автоматски пушки. Ирачкиот АК е всушност пиратска копија на пиратска копија“, рече Онокој.
На почетокот производството во Ирак не беше толку лошо колку што можеше да биде, но по долготрајната војна со Иран и повоената економска криза, ситуацијата се влоши.
Кај ирачките модели, каналот на цевката не е хромиран, затоа таа и 'рѓосува побрзо. Исто така, имаше проблеми со термичката обработка на ситните детали, што предизвикуваше кршење на плочките на нишанската шина.
Онокој вели дека еднаш видел ирачка автоматска пушка со рамка прицврстен со самолеплива лента“.
AK47-RAS47, Century Arms.
Jimmy Smith (CC BY-NC-ND 2.0)Звучи неочекувано, но Онокој тврди дека еден од најлошите модели на АК во светот се произведува во економски и технолошки најразвиената земја во светот, т.е. во САД.
„Во САД има производители на АК кои се меѓу најдобрите, но има и такви кои се меѓу најлошите. Американците имаат одлични компании во сферата на малиот бизнис кои прават ретки автомати АК за колекционери на оружје, но има и неверојатно лоши производители“, вели експертот.
Тој ја споменува компанијата Inter Ordnance како најлош производител на АК во САД. Нејзините лоши страни се кривата цевка, слабите завртки, лошото склопување и многу повеќе. Друг несовесен производител е Century Arms, кој исто така прави автоматски пушки „Калашников“.
Тие се нарекуваат „два во едно“, т.е. и автоматска пушка и рачна граната. Се разликува од обична граната по тоа што може да експлодира во секој момент“, истакнува Онокој.
Етиопските номади со ова оружје го чуваат својот добиток.
VWPics„Производството на АК во Етиопија очигледно го организирале експерти од Северна Кореја. За етиопските автоматски пушки е карактеристична ниската отпорност на корозија, како и неквалитетните деформирани ноитни и неквалитетната пластика. Дури и по 60 години оригиналната советска автоматска пушка изгледа и работи подобро од нејзината копија од Етиопија“, изјави Онокој.
Проверка на автоматска пушка АК-47, Пакистан.
Travelib Pakistan/Legion MediaСе смета дека пакистанскиот АК е најлош затоа што се произведува во малите села со помош на основниот алат што го имаат ковачите.
Според експертите на концернот „Калашников“, 20 од 30 такви автоматски пушки никогаш не можат да ја погодат целта на дистанца од 50 метри бидејќи куршумот од ваквите автомати лета со непредвидлива траекторија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче