Најголемите заблуди поврзани со автоматот АК-47

Припадничката и конструкторката на специјалните единици на руската полиција Ирина Самит стрела од автоматот АК-47 „Калашников“ на тренинг во близина на градот Краснојарск, Русија.

Припадничката и конструкторката на специјалните единици на руската полиција Ирина Самит стрела од автоматот АК-47 „Калашников“ на тренинг во близина на градот Краснојарск, Русија.

Reuters
Како што Сонцето има свои дамки, така и „Калашников“, најпознатиот автомат на светот, има свои недостатоци. Затоа тука ќе ги урнеме најчестите митови за познатиот модел АК-47.

Конструкторот Михаил Калашников кон крајот на четириесеттите години од минатиот век го создаде АК-47, најпознатиот автомат на светот кој подоцна стана главно оружје на советската армија и еден од симболите на Русија.

Денес во светот (според официјалните податоци) има над 100 милиони примероци од ова оружје. Затоа е сосема природно што со него се поврзуваат легенди и митови.

Во оваа статија ќе се осврнеме на некои од нив.

АК го има создадено еден човек.

Постариот водник Михаил Калашников работи на проектот на автоматот АК-47. Неговиот автомат победи на конкурсот во 1947 година и е ставен во арсеналот на вооружувањето на СССР.

Европските и американските производители на оружје на почетокот од четириесеттите години од минатиот век направија нова класа оружје – офанзивни пушки со автоматски оган кои во секојдневниот живот имаат добиено популарен назив „автомат“. Со појавувањето на новото оружје од корен е променет и начинот на војување. Автоматските пушки се воведени во сите армии на светот наместо стандардните пушки и карабини.

Во СССР првата варијанта на идниот автомат се појавила во 1943 година. Нејзин конструктор е Алексеј Судаев.

Во тоа време, меѓутоа, овој автомат бил уште „суров“, така што не поминал на армискиот конкурс и не станал главно оружје на советската војска. По завршувањето на војната во 1945 година Михаил Калашников ја дополнил и ја развил концепцијата на Судаев и на тендерот од 1947 година го претстави својот автомат кој влезе во историјата под називот АК-47.

Овој автомат (во првобитната варијанта) не беше идеален. Уште требаше да се подобри густината на огнот, да се намали тежината, да се поедностави производството на автоматот, да се усовршат легурите на металите и да се намали количеството индустриски шкарт.

Михаил Калашников во следните 12 години заедно со тим советски и германски инженери на Шмајсеровото конструкторско биро (по завршувањето на Втората светска војна определен број германски инженери работеа во советските претпријатија) го унапредија АК-47 и го подигнаа на соодветното ниво.

АК е единствен автомат од овој тип

Постојат ли во светот автоматски пушки слични на „Калашников“, а да не се негова копија? Постојат!

Данскиот воен врв кон средината на педесеттите години од минатиот век предложи главен автомат на Северноатлантската алијанса (НАТО) да биде „сопствен Ак-47“. Оружјето се викало Madsen LAR (light automatic rifle).

Тој бил направен според истиот принцип, заснован на примена на енергија на барутни гасови кои се имаат одвоено низ горниот отвор на ѕидот од цевката. Користел муниција од истиот тип како АК-47, односно куршуми со калибар 7.62х39 милиметри.

Сепак, победила европската конкуренција и главни автомати на НАТО станаа белгискиот FN FAL и германскиот Heckler & Koch G3.

Денес постои само еден примерок на автоматот Madsen LAR и тој се наоѓа во Кралскиот музеј за оружје во Копенхаген.

АК е автомат без мана

Припадничката и конструкторката на специјалните единици на руската полиција Ирина Самит стрела од автоматот АК-47 „Калашников“ на тренинг во близина на градот Краснојарск, Русија.

Ова не е вистина. АК има полоша ергономика и густина на огнот од американските и од германските автомати.

Како што за Russia Beyond изјави припадник на Рускиот Спецназ кој сакаше да остане анонимен, секој борец во својата единица има и американски автомати AR-15 и M4, и германски H&K 416 и H&K417, и тие им служат за борба во урбано опкружување.

Покрај тоа, американските и германските автомати имаат многу повеќе тактички додатоци – колиматорски нишани, рачки, кундаци, ламби, итн. со што е овозможено покомфорно ракување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња