Американски магазин предупредува дека новата генерација руски подморници сериозно го загрозува НАТО

Министерство за одбрана на РФ
Благодарејќи на активната работа за усвојување нови технологии, како и на брзината на изградба на нови подморници, руската подводна флота сé повеќе претставува реална опасност за поморските сили на НАТО. Со воведувањето ударни средства од нова генерација (хиперсонична противбродска ракета „Циркон“) сето тоа ќе поприми загрижувачки размери, поточно, доколку не се развие ефикасно оружје што ќе воспостави паритет, руските поморски сили можат да завладеат со морињата и океаните, пишува The Diplomat.

Според изворите што ги собраа новинарите на овој интернет-портал, до 1991 година во експлоатација се наоѓале повеќе од 200 советски подморници, од кои 60 нуклеарни кои имаа балистички ракети, пренесува веб-порталот РГ. Во наредните десетина години овој број спадна на само 64 функционални подморници. Така беше сé до почетокот на новиот милениум кога конечно беше запрена деградацијата на подводната компонента на руската армија. Клучниот фактор во запирањето на негативниот тренд е значајното поправање на економската ситуација во земјата, што произведе постепен раст на буџетот за одбрана.

Воскреснувањето на руската подморничка флота стана забележливо по воведувањето на нуклеарните ракетоносци од класата 955 „Бореј“. Ако  за изградба, опремување и усвојување во експлоатација на првата подморница од оваа серија („Јуриј Долгоруки“) беа потрошени речиси 16 години, денес, на пример, за изградба и усвојување на четвртата подморница од оваа класа „Кнез Владимир“ е потребно само 6 години. Уште четири вакви подморници се наоѓаат на различни нивоа на подготвеност. Авторот на текстот напоменува дека се работи за многу опасни пловила кои во своето вооружување имаат интерконтинентални балистички ракети „Булава“. Покрај изградбата на стратешки нуклеарни пловила, рускиот военоиндустриски комплекс во текот на последните седум години испорача осум дизел-електрични подморници од класата 636,6 „Варшавјанка“ – (според кодификацијата на НАТО - Improved Kilo).

Повеќенаменските нуклеарни подморници од четвртата генерација 885 „Јасен“ демонстрираа значителни способности кога е во прашање „тивка“ пловидба (многу тешко можат да се откријат со сонари), потоа напредна интеграција на потсистеми, како и примена на ново вооружување. Според разузнавачките информации со кои располага Воената морнарица на САД, главната подморница од оваа класа („Северодвинск“) ја претставува борбено најспособната подморница на руската армија направена кога било. Истовремено, со овој проект се одвива развој на подморници од петтата генерација, кои ќе можат да го употребуваат застрашувачкиот стратешки ударен комплекс „Посејдон“.

Меѓународниот институт за стратешки студии смета дека руските подморнички сили значително го зголемиле својот ударен потенцијал со воведувањето во вооружување на крстосувачките ракети со подводно базирање „Калибар“. Масовната „калибризација“ на руските поморски сили (како на површинската, така и на подводната компонента) сериозно ја зголемува нивната ударна моќ. Со воведувањето ударни средства од новата генерација (хиперсоничната противбродска ракета „Циркон“) нивната сила ќе добие загрижувачки размери, поточно, доколку не се развие ефикасно противоружје, руските поморски сили ќе загосподарат со морињата и океаните.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња