Су-30 и F-35 ќе се судрат во воздушна битка

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
The Drive: индиски Су-30 и јапонски F-35 ќе си ги одмерат силите во вежбовна борба.

Индиски ловци Су-30МКИ направени според руски проект ќе се судрат во воздушна битка со јапонски борбени авиони, сопштува The Drive.

Овој портал пишува дека со таа цел Индија испратила свои авиони во Јапонија, која пак располага со американски ловци F-15 Eagle и F-35 Lightning II.

The Drive истакнува дека вежбовната борба ќе му помогне на Токио подобро да ја сфати тактиката на примена на ловците, какви освен Делхи, во својот арсенал имаат и Москва и Пекинг, т.е. земји спрема кои Јапонците имаат територијални претензии.  

„Индиските авиони Су-30 се опремени со систем на тродимензионално управување со векторот на потисок, што ги прави уникатни за обука во традиционални сценарија на воздушна битка во радиус на непосредна видливост“, истакнува порталот.

 

 

Во септември полското издание Defense24 претпостави дека Силите за самоодбрана на Јапонија во текот на заедничките вежби со пилотите на индиските ловци Су-30МКИ ќе имаат пристап до податоците на овој руски авион-ловец.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња