Су-30МКИ
Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)Су-30МКИ е повеќенаменски авион-ловец направен врз база на Су-30. Неговата основна намена е остварување воздушна надмоќ на поширок простор. Опремен е со модерна авионика која е реализирана во кооперација на Русија-Индија-Франција и Израел. Авионот поседува радар со пасивна фазирана решетка Н011 „Барс“. Ова му овозможува да употребува широк спектар модерно ракетно вооружување од класата „воздух-воздух“, „воздух-земја“ и „воздух-вода“. Според зборовите на бројни аналитичари, како од Исток, така и од Запад, Су-30МКИ е еден од најдобрите авиони-ловци на светот.
Спреман за борбу
— Marsonline (@gvozdenavolja) September 6, 2020
Наоружани вишенаменски ловачки авион Су-30МКИ који се налази у саставу РВ Индије pic.twitter.com/pnt3CXI7KY
Една од клучните предности на овој авион е способноста за употреба на универзалната крстосувачка ракета BrahMos која е проектирана врз основа на руската противбродска крстосувачка ракета „Јахонт“. Инаку, ракетата го доби името според две реки, една индиска и една руска Брахмапутра и Москва.
BrahMos развива брзина од 2,8 до 3 маха, што е 3,5 пати повеќе од брзината на американската крстосувачка ракета „Харпун“. Може да достигне висина до 15 километри, додека нејзината најниска висина на летање е 10 метри. Кон целта се наведува со комбинација на инерцијално и активно радарско самонаведување во завршницата на нејзината траекторија, каде прави максимално отстапување од метата во вредност од еден метар. Нејзината активна радарска глава за самонаведување ја зафаќа својата цел на далечина до 80 км и се устремува кон неа со голема прецизност. Кај неа е во целост применет принципот „истрелај и заборави“. Може да уништува неподвижни и подвижни цели, кои остро маневрираат за време на нивното движење.
Ракетата носи пробојно-деструктивна боева глава тешка од 200 до 450 килограми (според некои податоци може да носи атомска), а нејзиниот максимален дострел во зависност од типот на ракетата се движи од 300 до 600 км.
Извесно е дека повеќенаменските ловци од потешка класа Су-30МКИ во својот арсенал имаат самонаведувани крстосувачки ракети од типот BrahMos. Су-30МКИ може да носи една ракета BrahMos во својата изворна верзија, што во основа е и доволно за големиот дијапазон на потенцијални цели кога се знаат карактеристиките на самата ракета. Меѓутоа, руско-индиската компанија работи на „полесна“ верзија на оваа ракета BrahMos-NG, која според своите габарити ќе биде многу помала од изворната верзија. Се претпоставува дека Су-30МКИ ќе може да носи до пет такви ракети. Покрај борбениот авион Су-30МКИ, BrahMos-NG ќе може да ги носи светло-тактичките ловци на МиГ-29. Претпоставката е дека оваа ракета ќе има опсег до 300 километри, што е многу респектабилен резултат. Се претпоставува дека Су-30МКИ ќе може да носи и до пет такви ракети. Покрај борбените авиони Су-30МКИ, BrahMos-NG ќе можат да носат и лесните тактички ловци МиГ-29. Претпоставката е дека оваа ракета ќе има опсег до 300 километри, што претставува многу респектабилен резултат.
Военото воздухопловство на индиската армија има во оперативна употреба 242 летала од типот Су-30МКИ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче