Големите вежби на Ракетните сили за стратешка намена (РВСН) кои започнаа на Урал се разликуваат од претходните вежби бидејќи сега целото внимание е насочено кон интерконтиненталните балистички ракети РС-24 „Јарс“. Неодамна во текот на таквите вежби се користеа различни видови ракети. Благодарение на мобилните лансери кои носат лансирни контејнери со проектили „Јарс“, тие можат потешко да се откријат, да се следат и навремено да се уништат со ракетен удар, пишува американскиот веб-портал „Национален Интерес“.
„Во текот на вежбата е планирано интензивно преместување на мобилните ракетни системи, нивно камуфлирање и спротивставување на современи и перепсктивни средства за воздушно извидување. Во соработка со формациите и единиците на Централниот воен округ, овие задачи ќе се извршуваат на квалитативно повисоко ниво“, потсетува руското Министерство за одбрана. Комисијата што ќе биде испратена од командата на Ракетните сили за стратешка намена ќе даде проценка за степенот на борбената готовност на тагилската единица, земајќи го предвид нејзиното повторно вооружување.
Интерконтиненталната балистичка ракета PC-24 „Јарс“ го сочинува стожерот на стратешките ракетни сили на руската армија. Претставува модификација на ракетниот систем „Топол-М“. На оперативно борбено дежурство се наоѓа од 2009 година. Се произведува во две верзии, со стационарно базирање во специјални силоси, и во мобилна верзија која се наоѓа на платформата на тркала МЗКТ-79221. Максималниот дострел на оваа ракета е 12000 километри. Може да носи 3-6 боеви блокови во кои се наоѓаат независно насочени боеви со сила од 300-600 кт. Ракетата се наведува по инерцијален пат и сателити (ГЛОНАСС).
Претпоставката е дека руските стратешки сили на располагање имаат најмалку 130 ракети РС-24 „Јарс“ (10 стационарни и 120 мобилни). Овие ракети се подготвени да реагираат веднаш на евентуален напад врз Руската Федерација и да нанесат фатални удари врз условниот противник.
Покрај овие ракети, западните разузнавачки служби сметаат дека руските Ракетни сили за стратешка намена (РВСН) се состојат уште и од 50 тешки интерконтинентални балистички ракети со силосно базирање РС-36М „Војвода“, потоа 32 интерконтинентални балистички ракети со силосно и мобилно базирање „Топол-М“. Без оглед на фактот што интерконтиненталната балистичка ракета РС-24 „Јарс“ релативно неодамна влезе во вооружувањето на РВСН, руските ракетни конструктори работат на нов проектил со зголемени можности „Кедар“. Активната фаза во развојот на новата генерација на ИБР е планирана да започне 2023/2024 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче