ВИДЕО: Погледнете лансирање на ИБР „Јарс“ од космодромот „Плесецк“ од различни агли

Снимено лансирање на интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“ со неколку камери од различни агли.

Како што беше соопштено претходно, лансирањето е извршено во рамките на тренингот за управување на стратешките офанзивни сили од космодромот „Плесецк“ во Архангелската област.

Во тренингот учествуваа сили и средства на копнената, поморската и авијациската компонента на стратешките нуклеарни сили на Русија, пишува ТВ „Ѕвезда“.

PC-24 „Јарс“ е руска интерконтинентална балистичка ракета на тврдо гориво со мобилно и силосно базирање со делива боева глава.

Ракетите „Јарс“ можат да бидат распоредени на мобилни лансери или во добро заштитени подземни силоси. Ракетите имаат повеќеблоковски хиперсонични маневрирачки нуклеарни боеви делови. Секој блок има свој сопствен систем за насочување и може да му преодолее на секој систем за противракетна одбрана (ПРО).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња