Шефот на Министерството за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто соопшти дека започна изградбата на фабрика за производство на руски вакцини против коронавирус „Спутник V“ во земјата, пренесува РИА „Новости“.
Планирано е изградбата на фабриката да заврши пролетта или есента следната година, а на крајот на 2022 година да биде пуштена во работа. Според Сијарто, овој проект е „колосален придонес за постигнување на глобалната цел за обезбедување одржливо снабдување“ со вакцини против КОВИД-19, пишува „Лента“.
Тој, исто така, истакна дека рускиот препарат се покажал многу добро при употребата во Унгарија. „Спутник“ се претстави многу добро, особено ако го погледнеме бројот на случаи на заразени по вакцинацијата, нивото на заштита“, рече тој. Шефот на унгарската дипломатија потенцираше дека во моментов околу 68% од населението во земјата е целосно вакцинирано.
Претходно Сијарто соопшти дека Унгарија ќе го искористи целиот руски препарат, бидејќи е многу популарен меѓу населението. „Вакциниравме речиси милион луѓе со оваа вакцина“, забележа тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче