Брзото создавање на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ не претставува повод за сомневање во нејзината ефикасност, нејзината ефикасност е поголема од 92% во спречувањето на КОВИД-19, изјавуваат австралиски научници во интервју за „Сидни Морнинг Хералд“.
Така, според професор Мајкл Тул од Медицинскиот институт за истражување „Барнет“, „Спутник V“ претставува одлична вакцина и е на исто ниво со западните вакцини развиени со употреба на mRNA технологија.
Во исто време, брзото создавање на вакцината не е причина за сомневање во нејзината ефикасност, бидејќи креаторите веќе имаа база на вакцини против МЕРС и САРС. Покрај тоа, ниту една од земјите во кои се користи лекот не пријавила проблеми, додава Тул.
Вирологот Гери Громан, кој е консултант на Светската здравствена организација, исто така ја фали вакцината.
„Спутник“ е многу добра вакцина и тоа е врз основа како на резултатите од тестирањата, така и врз основа на реалните податоци“, вели тој.
На 8 јули во статија на списанието „Nature“ под наслов „Растечки број на докази дека вакцината „Спутник“ против КОВИД-19 е безбедна и ефикасна“ беше соопштено дека во сите земји кои го користат рускиот препарат кај вакцинираните нема случаи на згрутчување на крвта, пишува „Известија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче