РГ120 „Аспид“ порачан од купувач од Европа: првата извозна серија готова до крајот на годината

Михаил Воскресенски/Sputnik
До крајот на оваа година Русија ќе му ја испорача на клиент од Европа првата партија спортски пиштоли РГ120 „Аспид“.

Ова за медиумите го соопшти прес-службата на државната корпорација „Ростех“, пренесува ТАСС.

„Централниот научноистражувачки институт за прецизно машинство на државната корпорација „Ростех“ првпат ќе реализира извоз на спортскиот полувтоматски пиштол РГ120 со калибар 9х19 мм (Luger и Para), развиен во рамките на опитно-конструкторскиот проект „Аспид“. Првата количина пиштоли ќе му биде испорачана на европскиот нарачател до крајот на годинава“, изјавија од државната корпорација.  

„Аспид“ е спортски пиштол, развиен врз база на воениот пиштол „Удав“ 9х21мм, и е наменет за уништување мети на далечини до 50 метри. Пиштолот се карактеризира со подобрена ергономија и удобен ракофат, кој може да се адаптира на шаката на стрелецот.  

Гарантниот век на пиштолот е 25000 куршуми. Има магацин со 18 куршуми, како и „Пикатини“ шина за нишани и дополнителна опрема. За гаѓање се користи муниција „Лугер“ со калибар 9х19 мм или „Пара“ со 9х19 мм со куршуми со оловно јадро. Пиштолот ги задржува своите перформанси на температури од минус 30 до плус 50 степени.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња