Завршено финалното тестирање на пиштолот „Аспид“

Михаил Воскресенски/Sputnik
Завршено е тестирањето за примопредавање на полуавтоматскиот спортски пиштол РГ-120 и неговата модификација РГ-120-1 кои се направени во текот на опитно-конструкторските работи на моделот „Аспид“.

„Завршена е финалната фаза на тестирањето на спортскиот пиштол РГ-120 и неговата модификација РГ-120-1. Ова оружје во целост одговара на барањата на техничката задача, а на тестирањето покажа високи тактичко-технички карактеристики како и импресивна сигурност. При гаѓањето во интензивен режим со вкупно 8000 истрели и едната и другата модификација затаија најмногу по пет пати, додека техничката задача предвидува пиштолот да може да затаи 20 пати“, го цитира агенцијата РИА „Новости“ соопштението на државната корпорација „Ростех“.

Сериското производство на овие пиштоли може да почне во 2021 година. Серискиот модел има „Пикатини“ шина и рамка со 18 куршуми, додека сите модификации ќе имаат специјални додатоци на ракофатот со чија помош оружјето ќе може да се прилагоди на сечија шака.

Финалната фаза на сертификацијата на „Аспид“ беше извршена во декември 2020 година.

Во јануари 2021 беше соопштено дека РГ-120 „Аспид“ ќе биде предаден на тестирање на вооружените структури и дека нивните сугестии ќе придонесат за усовршување на оружјето.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња