„Според резултатите од експлоатацијата во војската на автоматот АК-12 во единиците и формациите на Министерството за одбрана беа воведени конструктивни измени кои ја подобруваат ергономијата на оружјето и ја зголемуваат практичноста на неговото техничко одржување“, се вели во описот на видеото, пренесува „Росијскаја газета“.
Според концернот „Калашников“, новото оружје има кундак што се прилагодува. Има маса од 3,5 кг, а рамката собира 30 куршуми со калибар 5,45х39 мм.
Главната предност на новото оружје во споредба со класичниот „Калашников“ е зголемената прецизност и густина на огнот од која било позиција. Тоа е постигнато благодарение на промената во конструкцијата на гасниот механизам, сандакот и другите системи. Сега е можно да се пука и во режим по два куршума.
Ергономијата на автоматот е значително зголемена. Навојниот носач на компензаторот е заменет со бајонетски носач, што овозможува брза замена со придушувач. АК-12 има неколку „Пикатини“ шини за монтажа на дополнителна опрема: оптички нишани, лампи и ласерски обележувачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче