„Национален Интерес“ импресиониран од рускиот „оклопен убиец“

Виталий В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net

Американското издание „Национален Интерес“  го опиша тенкот Т-90С како еден од најуспешните извозни производи на руската воена индустрија.

Според авторот на статијата Марк Епископос, од пуштањето во работа на Т-90, тој претрпе многу промени. Првично тенкот претставува подобрена верзија на Т-72: машината со тежина од 48 тони развива брзина до 60 км/ч и поминува 550 км без полнење гориво, пишува РИА „Новости“.

Сепак, подоцна Т-90С ги обединува сите позитивни квалитети на претходните модели, како што се Т-64, Т-72 и Т-80. За клучна карактеристика новинарот го смета неговиот комбиниран оклоп, составен од композитна легура.

Машината има и комплекс за динамична заштита „Контакт-5“ и систем за оптоелектронско противдејство „Штора-1“. За други предности може да се сметаат модернизираното орудие со мазна цевка 2A46M, како и двојниот митралез на далечинско управување.

Т-90 е руски основен борбен тенк, развиен од „Уралвагонзавод“ во раните 1990-ти. Од 2001 до 2010 година беше најпродаван на светскиот пазар.

Прочитајте повеќе: Рускиот Т-90 најпродаван тенк на светскиот пазар

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња