Беспилотното летало со модуларна конструкција може да анализира радиоактивна и хемиска контаминација, што значи дека може да се користи во случај на нуклеарна војна. Воената академија на Ракетните сили за стратешка намена „Петар Велики“ го патентираше овој производ, соопштува ТАСС.
Во патентот е опишан дрон кој полетува и слетува вертикално. Истакната е неговата способност да се спушти како на тврда, така и на водена површина. Конструкцијата на леталото е таква што пропелерите за потисна сила се заштитени, така што дронот може да се користи и во тешки услови.
На централната оска на носечката конструкција се прикачени два херметички запечатени модули со мотори, а конструкцијата заедно со носечката рамка има аеродинамична форма. На горната и долната страна на дронот се поставени заштитни мрежички кои спречуваат оштетување на носечките пропелери. Конструкцијата и рамката се изработени од високоотпорна пластика за да се заштеди на тежина.
Под заштитната мрежичка се наоѓа херметички затворен команден модул со систем за навигација и систем за собирање и анализа на податоци. Тоа овозможува дронот да се користи во шуми, мали простории и планини каде што постои ризик од судир.
Леталото носи 600 грама товар, така што на него може да се монтира разновидна опрема за мониторинг на радиоактивно и хемиско загадување, со тоа што комплетот сензори варира во зависност од условите. Дронот ќе може да ги одредува координатите на местата каде што се испуштени штетни материи во атмосферата и да ги анализира оштетувањата на објектите. Оптичките сензори ќе овозможат можност за потрага по исчезнати лица во секое време од денот или ноќта и во сложени временски услови.
Треба да се истакне дека веќе постои беспилотно летало наменето за работа со контаминација. Во февруари компанијата ASG го претстави дронот Argus Elite кој полетува и слетува вертикално, и има комплет сензори за работа со контаминации, вклучително и сензори за концентрација на експлозивни материи и фотојонизациски детектор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче