„Алтиус“ – тешко беспилотно летало со импресивно вооружување

Беспилотно летало со голем долет „Алтиус“.

Беспилотно летало со голем долет „Алтиус“.

Министерство за одбрана на РФ/Sputnik
Ова ќе биде првиот дрон што уништува терористи со наведувани ракети и лизгачки бомби со зголемена моќност.

Летото 2021 година започна тестирањето на пробниот примерок на руското набљудувачко-ударно беспилотно летало „Алтиус“.

Планирано е да се испита целиот арсенал на овој дрон, вклучувајќи и високопрецизни ракети.

Прототипот на беспилотното летало ќе биде подложен на тестирање за уништување на цели како што се тенкови, лесно оклопна техника и групирана жива сила на условниот непријател, како и позиции на разни борбени средства, меѓу другото, и на артилерија. Претходно веќе беа тестирани ненаведувани бомби во слободен пад фрлени од „Алтиус“.

„Алтиус“

Поглед одблизу

Според податоците од слободни извори, дронот „Алтиус“ (наречен и „Алтаир“) од 2011 година го прави Казањското конструкторско биро „Симонов“ по нарачка на Министерството за одбрана на РФ. Тестирањето на летањето на ова беспилотно летало почна летото 2016 година.

„Пред две години дронот го изведе својот прв лет на еден пробен аеродром. Леташе на висина од 800 метри, а летот траеше вкупно 32 минути. Сите системи функционираа беспрекорно. Во Министерството за одбрана констатираа дека ова беспилотно летало може да извршува цел спектар набљудувачки задачи користејќи оптички, радиотехнички и радарски средства и може да помине во воздух повеќе од 24 часа“, рече Дмитриј Сафонов, поранешен воен аналитичар на весникот „Известија“.

Беспилотното летало „Алтиус“ спаѓа во тешки дронови кои долго можат да летаат на средни висини. Полетната маса на овој апарат е околу 6 тони. Дронот може да носи над еден тон полезен товар. Распонот на  крилата му е 28,5 метри, а должината 11,6 метри. Максималната висина на летот е 12000 м, а опсегот 10000 м.

„Алтиус“ има два турбоелисни мотори и може да помине 48 часа во воздух. Има и систем за сателитска врска со елементи на вештачка интелигенција кои интерактивно комуницираат со пилотирани авиони. Борбениот опсег на дронот е околу 3500 километри.

Како што истакна експертот, во декември 2020 година министерството соопшти дека армијата веќе ги добила првите примероци на набљудувачко-ударни беспилотни летала со среден долет со баражна муниција (беспилотен апарат со вграден борбен дел кој може долго да лета над подрачје зафатено од борбени дејствија, самостојно да открива цел и во случај на потреба ја уништува) и дека тие веќе успешно се тестирани во воени услови во Сирија.

„После тоа, Министерството за одбрана им ги даде на инженерите последните инструкции поврзани со деталите што треба да се променат и подобрат, и сега ќе бидеме сведоци на завршните фази на борбено тестирање на беспилотното летало со најмодерни проектили“, додаде тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња