Во Русија направен недофатлив извидувачки квадрокоптер

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Global Look Press
Руските конструктори од компанијата ZALA Aero направија квадрокоптер кој средствата за противелектронска борба не можат да го откријат.

Како што изјави за агенцијата ТАСС Никита Хамитов, раководител на правецот за специјални проекти во оваа компанија, системот за управување му овозможува на квадрокоптерот да лета во режим на потполна „радио-тишина“.

„Ние му даваме точка на картата, целосно го исклучуваме каналот за врска и GPS и го праќаме на координатата. Компјутерот на дронот формира цел облак точки на земјата, а потоа во лет се управува според нив. Може да се врати буквално од секоја точка доколку некој ни ја попречува врската или GPS-от“, изјави Хамитов.

Квадрокоптерот може да помине во воздух околу 40 минути, а дометот му е пет километри. Може да носи видео и термовизиска камера. Овој дрон е тежок за откривање во воздух затоа што е визуелно и акустички незабележлив.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња