F-35
U.S. Air Force photo/R. Nial Bradshaw - U.S. Air ForceРадарот со метарски дијапазон 104Ж9 кој ги „гледа“ авионите направени според „стелт“ технологија, и конкретно американскиот F-35 Lightning II, пристигна во Воздушно-космичките сили на Русија заради пробна примена, соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на РФ.
Според соопштението, наведениот мобилен систем се состои од неколку радиолокатори распоредени еден од друг на соодветно растојание и поврзани со „воениот интернет“. „Новиот радар фактички создава 3D модел на воздушниот простор. Благодарение на тоа, 104Ж6 формира непрекината зона во која открива цели и може да го види секое летало, влучително и хиперсонични беспилотни летала со мали димензии“, пишува споменатиот весник.
Поранешниот заменик-командант на Военото воздухопловство на Русија за прашања на Обединетиот систем на противвоздухопловна одбрана на Заедницата на независни држави Ајтеч Бижев изјави дека недостатокот на таквите станици се состои во „релативно малата прецизност“. „Нивна задача е да го откријат објектот, а координатите ги одредува радарот со дециметарски и сантиметарски дијапазон. Токму такви радари користат авионите-ловци“, рече експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче