Американците објавија како можат да се уништат F-35 и F-22 со помош на рускиот радар „Подсолнухˮ

Robert Sullivan / Public Domain
Постојат неколку начини да се „ликвидираатˮ авионите со мала видливост, меѓу другото, ловците од петтата генерација F-22 Raptor и F-35 Lightning II, пишува „Национален Интерес“ (The National Interest).

Американски новинар тврди дека стелт-авион може да се детектира со помош на радар кој работи во фреквентен опсег на бранова должина со големина од неколку сантиметри. Порталот ја истакнува слабата прецизност при одредувањето на координатите на локацијата на целите со мала видливост на овој начин. Според магазинот, такви способности веројатно имаат руските задхоризонтни краткобранови радарски станици со краток домет „Подсолнух“ (Сончоглед).

За откривање на F-22 Raptor и F-35 Lightning II, како што пишува списанието, постојат и други начини. Тоа е, на пример, примената на системот за инфрацрвено пребарување и следење (Infrared Search and Track  - IRST). Исто така, нивната локација може да се открие благодарение на оперативните недостатоци на стелт авионите, како што е исфрлањето на оружјето надвор од внатрешните оддели или, пак, за време на воздушна битка на мало растојание еден на еден против непријател од истата класа, меѓу другото, вклучувајќи го и рускиот ловец од петтата генерација Су-57.

Последниот начин за „ликвидација“ на стелт авион е неговата цена. Порталот потсетува дека еден стратешки бомбардер B-2 Spirit, заедно со опремата и вооружувањето, го чини Пентагон околу две милијарди долари.

Во јануари вршителот на должноста министер за одбрана на САД (од 9 ноември 2020 година до 20 јануари 2021 година) Кристофер Милер на прес-конференција ја нарече програмата за создавање на F-35 Lightning II „парче измет“.

Во октомври 2019 година генералниот директор на Научноистражувачкиот институт за радио-комуникации со голем домет Кирил Макаров соопшти дека Русија распоредила радарски станици „Сончоглед“ на Далечниот Исток, Каспиското езеро и Балтичкото море.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња