Како што пишува изданието ИноСМИ, повикувајќи се на Sina, F-35 има високо ниво на стелт-технологија, што ја осигурува неговата способност да достигнува цели и да избегне пресретнување од современите системи за противвоздушна одбрана (ПВО). Сепак, Русија разви радарска станица со метарски дијапазон за откривање на F-35. Овој радар ќе стане главната сила за спротивставување на американските авиони. Заедно со противвоздушните системи С-400 и С-500, тоа е сосема доволно за уништување на „невидливиот“ ловец од петтата генерација, пишува „Росијскаја газета“.
Радарската станица со метарски дијапазон „Небо-У“ е трикоординатен радар што може да следи и открива воздушни објекти на височина од 75000 м и на растојание од 600 км. И штом „Небо-У“ фиксира авион, тој може да биде пресретнат со помош на противвоздушниот систем С-400, самоодниот ракетно-топовски систем „Панцир-С1“ и друго оружје.
Sina заклучува: Русија веќе располага со најсовремени радари и голем број ракети подготвени за борба. И, ако американските ловци F-22 и F-35 решат да нападнат, тогаш земјата има со што да возврати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче