Путин: Тестирањата на системот С-500 успешно привршуваат

AFP
Тестирањата на противвоздухопловниот систем С-500 успешно привршуваат, а следниот чекор ќе биде испорака на ова оружје на војската, рече претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот со раководството на Министерството за одбрана и претпријатијата од одбранбено-индустрискиот комплекс.

Во Воздушно-космичките сили повеќе од 70 проценти од противвоздухопловните ракетни полкови се вооружени со современи системи С-400. На ред е испорака на војската на системот С-500, чии тестирања успешно завршуваат, рече рускиот претседател.

Како што веќе истакна заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко, Вооружените сили на Русија планираат да ги добијат првите системи на противвоздухопловниот ракетен систем со голем дострел и пресретнување С-500 до крајот на оваа година, а сериското производство ќе започне во 2025 година.

Противвоздухопловниот ракетен систем С-500 „Прометеј“ (ОКР „Триумфатор-М“) припаѓа на новата генерација системи од класата „земја-воздух“. Тоа е универзален систем со голем дострел и пресретнување со зголемен потенцијал на противракетната одбрана кој е способен да пресретнува балистички ракети. Перспективниот систем може да уништува не само балистички, туку и аеродинамични цели (авиони, хеликоптери и други воздушни цели), како и крстосувачки ракети.

С-500 уништува цели во радиус од околу 600 километри. Покрај тоа, системот ќе може да открие и истовремено да уништи десет балистички суперсонични цели кои летаат со брзина до седум километри во секунда, како и да ги уништи боевите глави на хиперсоничните ракети. Според неговите карактеристики, С-500 ќе го надмине системот С-400, кој се наоѓа во арсеналот на руската армија, како и американскиот конкурент Patriot Advanced Capability-3.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња