До крајот на 2021 година - во рамките на летечко-конструкторските тестирања на ракетата, треба да бидат изведени две лансирања, изјави за ТАСС извор од одбранбено-индустрискиот комплекс на земјата.
„Првото лансирање е планирано за наесен, второто – за крајот на годината“, соопшти соговорникот на агенцијата, пренесува „Росијскаја газета“.
Веќе се изведени три лансирања на ИБР од космодромот „Плесецк“: ракетите беа истрелани од силоси со барутен акумулатор на притисок со кратко вклучување на маршовскиот мотор.
Ракетата „Сармат“ е создадена во Државниот ракетен центар „Макеев“. Според податоците од отворени извори, акцентот не е ставен на масата на полезен товар - како на пример кај Р-36M „Воевода“ – туку на должината на дострелот.
Тоа ѝ овозможува на ракетата да се движи по неоптимална траекторија и да ги избегнува зоните на дејство на противракетната одбрана (ПРО). „Воевода“ има дострел од 11000 км, новиот систем практично нема ограничувања на дострелот“, изјави во 2018 година шефот на руската држава Владимир Путин.
Полезниот товар на новата ракета е 10 тони. Таа ќе стане носач на наведуваните хиперсонични боеви глави „Авангард“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче