Стравот има големи очи: руски подморници ги исплашија Британците

„Владимир Мономах" - подморнница од класата „Бореј“

„Владимир Мономах" - подморнница од класата „Бореј“

Илдус Гилазутдинов
Дејствијата на руските стратешки нуклеарни подморници според проектот „Бореј“ во Атлантскиот океан предизвикаа загриженост кај западните медиуми. Подморниците беа опишани како „смртоносни“, а задачите што ги извршуваат како „злокобни“.

Написот го објави „Сан“, но сличен текст претходно беше објавен и во британското издание „Мирор“. Авторот пишува за „десетици руски подморници според проектот „Бореј“, кои нурнуваат на сериозна длабочина во Норвешкото море“ во близина на бреговите на Велика Британија. Се споменуваат и ракетите „Циркон“ со кои можат да бидат вооружени подморниците од проектот 955 „Бореј“ - и покрај фактот што ракетата сé уште не е примена во вооружување и во моментов се тестира, пишува „Росијскаја газета“.

Во интервју за изданието воениот експерт Брус Џонс изјави дека активностите на руската војска предизвикуваат вознемиреност на Запад веќе неколку месеци. Тој претпоставува дека подморниците едноставно ги „дразнат“ земјите од НАТО за да ги направат нервозни. Џонс го истакнува како импресивно тоа што руските подморници се фокусирани имено на длабоководни операции, што може да зборува за зголемува на тајноста на дејствијата.

Информацијата за „десетици „Бореи“ во Норвешкото море“, во меѓувреме цитирана во британскиот печат, е апсурдна. Во моментов во составот на Воената морнарица на РФ на служба се четири стратешки нуклеарни подморници според овој проект, а уште пет се во изградба.

„Национален Интерес“: Американската морнарица треба да се плаши од руските подморници „Бореј“

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња