„Национален Интерес“: Американската морнарица треба да се плаши од руските подморници „Бореј“

Руската стратешка нуклеарна подморница „Јуриј Долгоруки“ од класата 955 „Бореj“ успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети „Булава“ од Белото море.

Руската стратешка нуклеарна подморница „Јуриј Долгоруки“ од класата 955 „Бореj“ успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети „Булава“ од Белото море.

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Двојно е полесна и значително побрза од претходните модели, истакнуваат Американците.

Воената морнарица САД треба да се плаши од новите руски подморници од проектот „Бореј“. Статија со таков наслов објави „Национален Интерес“, укажувајќи на веста дека подморница од оваа класа наскоро првпат ќе ѝ биде претставена на пошироката јавност.

Стратешката нуклеарна подморница ќе биде изложена во Авачинскиот залив на Камчатка во рамките на военотехничкиот форум „Армија 2021“ што се одржува од 22 до 28 август. Не е прецизирано конкретно која подморница ќе учествува во статичката презентација на техниката. Тихоокеанската флота има два од вкупно четирите „Бореи“, и тоа се К-550 „Александар Невски“ и К-551 „Владимир Мономах“.

Воената морнарица на Русија до 2027 година треба да добие вкупно 10 подморници од оваа класа. Американскиот весник потсетува дека „Бореј“ има депласман од 24 илјади тони и развива брзина од 33 јазли. Овие подморници се двојно полесни и значително побрзи од своите претходници од класата „Тајфун“, кои беа најголемите подморници на светот.

Основното вооружување на подморницата од класата „Бореј“ го сочинуваат 16 балистички ракети „Булава“. Нивниот дострел е 10000 километри, а прецизноста на погодокот е обезбедена благодарение на дигиталниот инерцијален навигациски систем.

Неодамна руската телевизија „Ѕвезда“ објави прилог во кој детално се прикажани одделни тајни на стратешката подморница „Кнез Владимир“, првиот претставник на модернизираниот проект „Бореј-А“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња