„Национален Интерес“ го прогласи Су-25 за еден од најборбено способните руски авиони

Слободан Ѓукиќ
Прекалените во борба јуришни авиони Су-25 извршија десетици илјади прелети само за време на војната во Авганистан, може да останат во вооружувањето на Русија уште неколку децении.

Основата на таа долговечност се успешните конструкторски решенија кои му даваат на авионот голем потенцијал за модернизација. Како резултат на тоа и благодарение на релативно малкуте подобрувања, тој сé уште е баран во модерните воени конфликти и е еден од најборбено способните во составот на Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија, пишува „Национален Интерес“.

Овој јуришен авион беше примен во вооружувањето на почетокот на 1980-тите и неговата главна задача е поддршка на копнените сили. Поради своето моќно вооружување и оклопниот корпус, често се нарекува „летечки тенк“. Има по пет носечки точки под секое крило и може да носи различен комплет проектили и бомби, како и 30-мм топови, пишува „Росијскаја газета“.

Покрај војната во Авганистан, „Грач“ – уште еден неофицијален назив за овој авион - е главната воздушна ударна сила на ирачката армија во конфликтот во Ирак. Подоцна активно се користи во текот на чеченските војни, а од неодамна - и во конфликтот во Нагорно Карабах.

Постепено на местото на основната верзија на ловецот доаѓа модернизираниот Су-25СМ со нова авионика, подобрени мотори и дополнително вооружување. Сега руските ВКС ќе го добијат посовремениот Су-25СМ3 со модернизирани комплекси за наведување, електронско војување и навигација.


При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња