До ваков заклучок дојде воениот експерт на списанието „Национален Интерес“ Питер Сучиу.
Пред половина век во вооружување на борбените нуркачи на Советскиот Сојуз беа примени пиштолот СПП-1 и автоматот АПС. Иако одлично стрелаат под вода, тие не се ефикасни на копно, а борците се принудени да носат два автомати: подводен и обичен. Со појавата на „подводната јуришна пушка“, која во САД се нарекува АДС - „Автомат двосреден специјален“, овој проблем е решен.
Конструкторите од Тула создаваат митралез според системот „булпап“, односно чкрапалото е пред полначот и ударниот механизам. Така, оружјето станува компактно - со должина од 660 мм, но со целосна цевка - 415 мм. Бидејќи АДС е наменет за работа на суво, тој исто така добива и можност за монтирање придушувач, потцевен 40-мм фрлач на гранати, оптички и ноќен нишан.
Главниот новитет на автоматот АДС е неговата компатибилност со куршуми со стандарден калибар 5,45×39 мм. На суво автоматот има дострел од 600 м, кој е компатибилен со стандардните јуришни пушки.
„За употреба под вода потребна е специјална муниција ПСП со подолги куршуми со специјална форма со тап крај, која што создава хидродинамичка празнина за да сведе на минимум отпорот на водата“, пишува во преводот на ИноСМИ.
Рамниот нос на куршумот создава кавитациона празнина околу себе, еден вид воздушен балон, и така куршумот не паѓа под вода, туку се движи стабилно, пишува „Росијскаја газета“.
Се истакнува дека јадрото на муницијата ПСП е куршум од 16 грама карбид, со почетна брзина под вода од 330 м/с. На длабочина до 5 m ефективниот дострел е 25 м, на длабочина од 20 м - 18 метри.
Благодарение на АДС, борбените нуркачи можат да се справат без специјално оружје за подводни операции и да користат едно универзално. Затоа новите автомати веќе влегоа во вооружувањето на специјалните единици на Воената морнарица на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче