Рускиот спецназ го доби првиот контингент универзални „булпап“ автоматски пушки АДС

Автоматот е долг 60 см, а тежок 4,5 кг.

Автоматот е долг 60 см, а тежок 4,5 кг.

Антон Денисов/Sputnik
Оваа автоматска пушка е наменета за опремување на специјалните единици во составот на руската армија. Тоа пред сé се однесува на подводните диверзанти, кои во едно оружје ќе добијат две (АК-12 и АПС) и со тоа значително ќе ја зголемат својата вкупна борбена готовност при извршување на најсложените задачи.

Руската армија оваа година го усвои во вооружување првиот контингент на тнр, „двонаменски“ автоматски АДС, кои подеднакво ефикасно можат да се користат на копно и под вода. Ова за веб-порталот ТАСС го рекоа од информативната служба на холдингот „Високопрецизни комплекси“ (Высокоточные комплексы), кој е дел од државната корпорација „Ростех“.

„Завладеено е со производството на „двонаменските“ автоматски пушки АДС. Минатата недела го испорачавме првиот контингент според договорот со руското Министерство за одбрана“, велат од информативната служба на „Високопрецизни комплекси“.

АДС је наменет за опремување на спецназот. До неговата појава морнаричките командоси мораа одделно да ги користат автоматските пушки на системот „Калашников“ за борба на копно, додека во подводните операции го користеа АПС (скратено за „подводен специјален автомат“, рус. автомат подводный специальный – заб. на ТАСС). Севкупно гледано, употребата на универзалната пушка АДС значително ќе ја зголеми борбената ефикасност на нуркачот-диверзант.

Детали за автоматската пушка АДС

Пушката е конструирана од познатата руска компанија КБ „Приборостроенија“ (АО „КБП“), која се наоѓа во градот Тула. За разликата од досегашното оружје кое го користеа специјалните нуркачки единици, АДС е конструирана за муниција која е подеднакво ефикасна во борбени дејствија како под вода, така и над неа. Новата муниција ПСП за автоматот АДС има калибар 5,45 милиметри. Конструкторите при дизајнирањето на подводниот ПСП куршум на специјален начин го обработија неговиот врв, така што во движењето под вода околу себе создава своевидно воздушно перниче исполнето со пареа (во стручната терминологија тоа се нарекува „кавитација“). Куршумот во воздушното перниче се движи со голема брзина и со голема прецизност се држи до насочената траекторија.

Истовремено новата муниција ги задржа борбените карактеристики во гаѓањето над вода, а според масата и габаритите е идентична со муницијата на најмодерниот руски автомат АК-12. Покрај тоа, на оружјето е монтиран 40-милиметарски потцевен лансер на гранати кој може да истрелува различни модификации на гранатата ВОГ-25.

Уште една предност на новата автоматска пушка е нејзината компактност. Тулските оружари ја конструираа пушката според шемата „булпап“ (анг. bullpup - рамката над оружјето се наоѓа зад чкрапалото). Самата манипулација при менувањето на рамката е едноставна и прилагодена за сите стрелци, без оглед дали се деснаци или леваци.

Како што рековме, се работи за многу компактно оружје кое нема преголеми габарити. Пушката со сите додатоци е долга 68,5 сантиметри, а нејзината маса изнесува 4,6 килограми. Ако се спореди со основната автоматска пушка АК-74М таа е пократка за речиси 30 см. Притоа ефективниот дострел на двете пушки е практично ист и со поединечна стрелба достигнува 500 метри. Што се однесува до ефективниот дострел на автоматската пушка АДС во подводни услови, засега не постои официјален податок кој може да се земе за релевантен. Според неофицијалните информации, куршумот истрелан од оваа пушка поседува убојна сила на далечини до 25 метри, што во подводни услови е многу добар показател.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња