„Двонаменската“ автоматска пушка АДС која еднакво ефикасно може да се употребува на копно и под вода.
Антон Денисов/SputnikАДС може да се примени под вода и на суво, пишува Popular Science. Автомат е компактен и лесен благодарение на положбата на рамката со чкрапалото и употребата на пластика во неговата изработка. Може да се користи муниција со калибар 5.45×39 за АК-74 и подводна муниција 5.45 ПСП. „Подводниот куршум“ е долг челичен проектил кој е практично целиот скриен внатре во куршумот.
АДС има ожлебена цевка, регулатор на стрелба во вода и воздух, уникатен систем на одвод на барутните гасови и механизам за исфрлање на чаурите во насока спротивна од стрелецот. Ефективниот дострел во вода изнесува 25 метри, а на суво 600 метри. Новата верзија на АДС веќе е пуштена во сериско производство.
Американското списание изведува заклучок дека АДС запира диверзанти и под вода и на копно. Може да се користи и против животни обучени за воени задачи, на пример против морски лавови, делфини и белуги.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче