Фрегатата „Адмирал Головко“ ќе биде наоружана со хиперсонични „Циркони“

Фрегатата „Адмирал Головко“ на бродоградилиштето „Севернаја верф“.

Фрегатата „Адмирал Головко“ на бродоградилиштето „Севернаја верф“.

Министерство за одбрана на РФ/wikimedia.org
Руската фрегата „Адмирал Головко“ ќе биде првиот носач на хиперсонични ракети „Циркон“. Планирано е бродот за далечна поморска зона да биде испратен на тестирање пролетта 2022 година.

Како што соопштува агенцијата ТАСС, главната ударна сила на фрегатата „Адмирал Головко“ ќе бидат хиперсоничните ракети „Циркон“ кои сега активно се тестираат на другиот брод од проектот 22350 „Адмирал Горошков“.

Според агенцијата РИА „Новости“, новите тестирања на хиперсоничната ракета треба да бидат извршени до крајот на јули. Ракетата „Циркон“ развива брзина од 9 Маха и уништува цели на растојание од преку 1000 километри.

Фрегатите од проектот 22350 можат да носат 16 ракети „Калибар-НК“, „Оникс“ или „Циркон“. Противвоздухопловната одбрана ја обезбедуваат 32 ракети на системот „Полимент-Редут“ и две ракетно-артилериски орудија „Палаш“, а од подморници бродот го штитат 12 торпеда на противбродскиот систем „Пакет-НК“.

Вкупниот депласман на фрегатата „Адмирал Головко“ изнесува 5400 тони, должината му е 135 метри, ширината 16,4, а висината 8 метри. Бродот има 170-210 членови на екипажот, далечината на пловидба му е 4500 наутички милји (7408 км), а максималната брзина 29,5 јазли.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња