Кој ќе биде првиот носач на хиперсонични ракети „Циркон“


Малиот ракетен брод „Град Свијажск“ лансира ракета „Калибр“ за време на завршните вежби на бродските групи на Касписката флотила.

Малиот ракетен брод „Град Свијажск“ лансира ракета „Калибр“ за време на завршните вежби на бродските групи на Касписката флотила.

Денис Абрамов /Sputnik
Овие бродови ќе бидат во можност да ги погодат непријателските цели на море на растојание од 500 километри со хиперсонични ракети, кои ниту еден систем за противвоздушна одбрана не е способен да ги собори.

Фрегата од проектот 22350 „Адмирал Головко“ ќе биде првиот носач на хиперсонични ракети „Циркон“, објавија руските медиуми кон средината на јули.

„Првиот редовен носач [на Циркон] се планира да биде фрегатата „Адмирал Головко“, рече соговорникот на агенцијата.

Ракетна фрегата „Адмирал Головко“

„Адмирал Головко“ е трети по ред и втор во низата фрегати според проектот 22350, и се планира да започне со тестирање на пролетта во 2022 година. Досега, според овој проект на борбена служба во Северната флота има две фрегати - „Адмирал Горшков“ и „Адмирал Касатонов“. Нивното главно ударно оружје се крстосувачки ракети „Калибр-НК“. „Адмирал Горшков“ учествува во тестовите на противбродските ракети „Циркон“.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека хиперсоничните ракети „Циркон“ се способни да достигнат брзина од 9 маха и да погодат цели од над 1.000 километри, а ќе стапат во функција во блиска иднина.

Колку бродови ќе има?

Русија планира да изгради 12 модернизирани фрегати според проектот 22350M, од кои секоја има до 48 ракети „Калибар“, „Оникс“ и „Циркон“, објавија руските медиуми повикувајќи се на извори од рускиот воено-индустриски комплекс.

„Главниот брод во серијата се планира да ѝ се придружи на морнарицата во 2027 година“, изјави извор од бродоградбата.

Според воените планови, секој од бродовите со носивост од 7.000 тони ќе има лансери способни да испукаат три вида на најмодерни руски „морски“ ракети „Калибр“, „Оникс“ и „Циркон“.

Прво лансирање ракета Циркон во водите на Белото Море

„Вкупно, планираме да изградиме 12 такви фрегати, од кои 11 ќе бидат предадени на државата според новата програма за вооружување на земјата“, рече изворот.

Покрај тоа, новите фрегати ќе бидат заштитени од непријателот со противавионски ракетен комплекс „Полимент-Редут“ со 100 ракети, противподморничко и торпедно оружје.

Во моментот, првиот брод според проектот 22350 „Адмирал Горшков“ веќе служи во флотата на Балтикот.

„Ова е добар брод и сега инженерите треба да предложат начини за негово модернизирање. Прво, тоа се однесува на муницијата, за која беше одлучено да се зголеми на 48 ракети, како и да се опремат бродовите со единствен универзален автономен систем за контрола на оган“, вели за Russia Beyond Дмитриј Сафонов, поранешен воен аналитичар во весникот „Известија“.

Според него, вооружувањето на бродот во моментов вклучува само 16 ракети и неговите димензии се речиси половина од декларираните индикатори за модернизација (во моментов поместувањето од 22.350 е само 4.500 тони).

Какви ракети ќе имаат овие бродови

Одред бродови на северната флота предводен од фрегатата „Адмирал Горшков“ стасува во Владивосток

„Калибр“ е „руски Томахавк“. Едноставно кажано, крстосувачки ракети базирани на море кои можат да летаат до нивната цел во непредвидлива траекторија за системите за ПВО, заобиколувајќи нерамен терен. Денес, ракетите од овој тип се едни од најефикасните и најсмртоносни оружја во вооружен конфликт.

Нивниот опсег достигнува 2.600 километри и за 10-15 години технологијата ќе достигне комплетно нови нивоа и ќе им овозможи на овие високопрецизни системи („Калибр“ погодува цели со точност / отстапување до 30 метри) да бидат опремени со боеви глави со експлозивна моќност, блиска до онаа на нуклеарното оружје.

Ова, всушност, ќе биде високопрецизно и маневарско оружје што нема да остави зад себе радиоактивен облак и да ја загади областа.

Ракетите „Циркон“, од своја страна, се првиот комплекс во светот кој летал кон својата цел со хиперсонична брзина осум пати побрза од онаа на звукот (околу 2.5 километри во секунда), а нивниот деклариран домет е околу 500 километри.

Во исто време, Циркон е антибродски комплекс и, за разлика од Калибр, е дизајниран да ги елиминира непријателските бродови.

Вреди да се напомене дека хиперсоничните ракети не се во функција во ниту една земја во светот, освен во Русија. И во моментов нема ефикасно оружје за спротивставување на овие комплекси.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња