Јак-130: зошто „летечкиот симулатор“ стана „мал ужас“ за НАТО?

Школско-борбен авион Јак-130 на тренинг-лет во рамките на Меѓународниот авиосаем „МАКС 2013“ во Жуковски

Школско-борбен авион Јак-130 на тренинг-лет во рамките на Меѓународниот авиосаем „МАКС 2013“ во Жуковски

Марина Лисцева/TASS
На 25 април 1996 година, под раководство на тест-пилотот Андреј Синицин, беше реализиран првиот лет на школскиот авион Јак-130Д. Подоцна американските воени експерти го нарекоа „мал ужас од кој може да се плаши НАТО“.

Историјата на „Јак-130“ започнува во периодот на 1980-90-тите години, кога беше утврдено дека чешкиот школски авион L-39 „Albatros“ застарен. Пилотите не можеа веднаш да се префрлат од „летечкиот симулатор“ Јак-130 на Су-27 или МиГ-29, а обуката на современи ловци е исклучително скапо задоволство. Првпат задачата за создавање нов школски авион на 20 април 1990 година беше издадена од командантот на Военото воздухопловство, маршалот на Советскиот сојуз Александар Ефимов.

Кон создавањето на „летечки симулатор“ пристапуваат конструкторските бироа „Сухој“, „Микојан“, „Мјасишчев“ и „Јаковлев“. Поради недостиг на финансии, тие треба да соработуваат со странски инвеститори. Развојот на Јак-130 е реализиран заедно со италијанската компанија Aermacchi, а на Миг-АТ - со француски компании, кои нудат мотори Larzac 04 и авионика Thompson. Јак-130 започна да лета подоцна од неговиот колега МиГ-АТ, кој полета на 16 март 1996 година. Новиот „Јак“ го имаше своето успешно деби во програмата за летање на Московскиот аеросаем една година подоцна. Во тоа време, со него веќе беа извршени околу 150 летови, од кои значителен дел беа реализирани во Италија.

Јак-130

Поради несогласувања со италијанските партнери, заедничкиот развој беше прекинат во последната фаза. Секоја од компаниите ја доби документацијата за главната верзија на идниот авион, по што Aermacchi го изгради авионот М-346, а конструкторското биро „Јаковлев“ - Јак-130.

Борбите покажуваат дека на армијата има потреба од нови маневарбилни јуришни авиони, така што школскиот авион се претвора во школско-борбен. Во 2009 година, Јак-130 успешно ги поминува државните тестирања и 2 години подоцна влегува во производство.

Јак-130 (според кодификацијата на НАТО: Mitten - „Ракавица“) е првиот авион изграден целосно во Русија по распадот на СССР. За прв пат кај него е реализиран концептот на „стаклена“ кабина и сите информации се прикажани на колиматорски индикатор.

Осум носачи под крилото и еден под трупот на авионот му овозможуваат на Јак-130 да носи до 3 тони боев товар, вклучително и 4 наведувани ракети „воздух-воздух“ П-73, 4 ракети „воздух-земја“ Х-25М, ненаведувани ракети до 266-мм калибар, воздухопловни бомби, касета муниција за еднократна употреба и запаливи резервоари со калибар до 500 килограми, контејнери со 23-мм топови.

Целосно вооружен и натоварен ловец тежи 10290 килограми. Тоа е малку повеќе од половината од максималната тежина при полетување на F-16, кој е главниот повеќенаменски ловец на САД и на многу нивни сојузници, пишува „Росијскаја газета“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња