Руските конструктори двојно го зголемија ресурсот на моторот за школско-борбениот авион Јак-130

Wikipedia
Според Громов, во рамките на модернизацијата на овој мотор, покрај зголемувањето на неговиот ресурс, се работи и на зголемување на нивото на неговата сигурност. Во моментов се тестираат новите компоненти на неговата турбина, се модернизираат комората за согорување и системот за компресори што се наоѓа во рамките на моторот.

Ресурсот на турбомлазните мотори АИ-222-25, кои се вградуваат во основните школско-борбени авиони на Воздушно-космичките сили на Русија Јак-130, ќе биде продолжен за 2 пати. Ова ќе се реализира во рамките на најновиот проект за модернизација на овие мотори, изјави Алексеј Громов, шефот на компанијата „Саљут“ (дел од корпорацијата „Ростех“), која ја реализира оваа задача.

„Ние постојано ги консултираме резултатите од експлоатацијата на турбомлазниот мотор АИ-222-25 и се обидуваме да го подигнеме нивото на неговата сигурност, квалитетот, ресурсот... што се однесува до ресурсот, неговото зголемување за 2 пати го сметаме за успех“, изјави Громов за руските новинари, пренесува веб-порталот РИА „Новости“.

Според Громов, во рамките на модернизацијата на овој мотор, покрај зголемувањето на неговиот ресурс, се работи и на зголемување на нивото на неговата сигурност. Се тестираат нови компоненти на неговата турбина, се модернизира комората за согорување и системот на компресорот што се наоѓа во рамките на моторот.

Кога станува збор за роковите за тестирање на модернизираниот мотор, првиот човек на компанијата „Саљут“ изјави дека се очекува до средината на оваа година да бидат завршени сите сегменти на моторот и да се потврдат нивните карактеристики во практични услови.

Јак-130 (Нато „Mitten“ - мак.„Ракавица“) е авион со два члена на екипажот, наменет за школување и обука на пилоти. Секундарна намена му се борбени задачи. Има посебни можности за борбена обука, со преземање на карактеристиките на летот на конкретни борбени авиони, со што се намалуваат вкупните трошоци за школување на пилотите. За таа потреба, овие авиони се надградуваат софтверски за да се создаде во целост кај пилотите-ученици впечаток дека летаат со авион од генерацијата 4+/4++, па дури и од 5 генерација, како што е „Сухој“ Су-57. Авионот е така конципиран што многу квалитетно ја опфаќа обуката на младиот пилот во сите сегменти на летањето како што се: полетување и слетување, навигација, изведување сложени маневри, развивање на вештина на управување во екстремни услови на летање, постапки во случај на пропуст или грешка на пилотот, тактички дејства при изведување на различни модалитети на борбени мисии, употреба на системи на оружје и цел спектар останати дејствија специфични за авионите од 4 и 5 генерација.

Покрај блокот кој е наменет за обука на пилоти, овој авион може да врши и борбени мисии кои главно се состојат од задачи за непосредна огнена поддршка на копнените трупи на земја, и особено за задачи за извидување, носејќи борбен товар до 3000 кг.

Развојот на овој авион почна 1991 година, а првиот лет беше реализиран на 26 април 1996 година. Победи на конкурсот во 2005 година за авион за обука на руското Воено воздухопловство, а првите негови примероци се воведени во оперативна употреба 2009 година. Руското Воено воздухопловство располага со повеќе од 130 вакви апарати. Се планира производство на 250 единици за потребите на руското Воено воздухопловство, а на светскиот пазар вкупната побарувачка за авионот Јак-130 е околу 2500 единици, со тенденција за понатамошен раст по ваквите резултати. За еден Јак-130 треба да се издвојат 15 милиони долари, што во однос на западната конкуренција е значително поповолна цена. Имено, за еден авион, како што е, на пример, британскиот BAE Systems Hawk T2, можат да се купат дури два Јак-а, а како што гледаме, рускиот авион во параметрите на летање е значително подобар од својот соперник.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња