Благодарение на руските ловци Военото воздухопловство на Ангола сега господари со африканското небо

Су-27

Су-27

Фјодор Леухин (CC BY-SA 2.0)
Авијацијата на Ангола, формирана во текот на 1980-тите во текот на конфликтот со Јужноафриканската Република, сé уште е најмоќната во Африка јужно од Сахара и е една од трите најмоќни воздухопловни сили на континентот. Клучна улога во тоа одиграа современите авиони-ловци од руско производство.

Ангола има моќна економија и спаѓа меѓу земјите со најголем бруто домашен производ на континентот, така што успеа да го зачува моќното воено воздухопловство дури и кога СССР ја запре финансиската, а Куба кадровската помош, пишува MilitaryWatch. Оваа земја уредно ја одржува и модернизира авионската техника од времето на Студената војна и редовно набавува нови модели на воени авиони.

Флотата ловци на Военото воздухопловство на Ангола има четири ескадрили и секоја од нив користи свој тип авиони. Една има тешки машини за воспоставување доминација во воздухот. Станува збор за шест авиони Су-27 и дванаесет Су-30КН. Таа спаѓа меѓу најсмртоносните ескадрили на континентот и е најмоќната надвор од Северна Африка.

Останатите три ескадрили користат стари, но и понатаму ефикасни авиони од третата генерација. Една има 26 ловци МиГ-23 со променлива географија на крилата. Од тоа 18 најдобро опремени модели на МиГ-23МЛ се модернизирани, така што се добиени борбени можности од четвртата генерација. Друга ескадрила се состои од 20 лесни авиони Миг-21бис/МФ (тоа е најновата и најдобра верзија на легендарната „балалајка“). Четвртата ескадрила има статус на ударна и користи 13 авиони Су-22.

Военото воздухопловство на Ангола има и јуришна единица со десетина авиони Су-25 кои се оптимизирани за покривање на копнените трупи. Постои и вежбовна ескадрила која користи шест кинески К-8, а тие во случај на потреба исто така можат да се користат и како јуришни авиони.

Ударен хеликоптер Ми-24.

Ангола има голема флота јуришни хеликоптери - 56 релативно модерни Ми-24 и Ми-35. Забележливиот недостаток на воен потенцијал се рефлектира во слабоста на нејзината копнена противвоздухопловна одбрана, која ги користи советските системи С-75 и „Куб“ од 1970-тите. Од друга страна, таа слабост се компензира со силата на ловечката авијација. Познато е дека ловците МиГ-23МЛ беа модернизирани во Русија и дека таа модернизација подразбираше интеграција на ракети „воздух-воздух“ Р-27. Со нивна помош од поголемо растојание можат да се напаѓаат авиони од четвртата генерација. Од самиот почеток, МиГ-23 имаше моќен радар, на ниво на американскиот F-16, што ја поедностави работата за модернизација.

Ловците Су-30КН што ги набави Ангола беа ценети поради нивната сила, трајноста и широкиот спектар на можности. Присуството на оператор во пилотската кабина овозможува расчистување на небото, но и селективно уништување на објекти на копно. Военото воздухопловство на Ангола има и значителна резерва на авионска техника, т.е. дополнителни ловци Су-27 и МиГ-23МЛ, како и ескадрила бомбардери Су-24М. Тие беа повлечени од експлоатација кога беа набавени Су-30, но во случај на потреба можат да бидат „рехабилитирани“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња