Иранците направија ранг-листа на најдобрите руски хеликоптери

Борбен јуришен хеликоптер Ми-24П.

Борбен јуришен хеликоптер Ми-24П.

„Хеликоптери на Русија“
Уште во ХХ век хеликоптерите од советско и руско производство го освоија воздушниот простор во десетици земји ширум светот. Предностите на леталата од руско производство се состојат во комбинацијата на цената и квалитетот, како и во единствените тактичко-технички карактеристики.

Според иранскиот весник Hamshahri, токму хеликоптерите на конструкторското биро „Мил и Камов“ се најдобрите на светот.

Ми-24П

Првото место на ранг-листата го зазеде борбено-транспортниот хеликоптер Ми-24 „Крокодил“ со разните модификации. Тие машини беа користени во 40 воени конфликти, а еден од нив беше во Авганистан, така што тоа е најпрепознатливиот руски борбен хеликоптер.

„Советските инженери го проектираа така да биде нешто помеѓу летало и борбено возило на пешадијата. Хеликоптерот е опремен со различно оружје и заштитен со оклоп. Може да транспортира десетина пешадијци до местото каде што се изведуваат борбени дејствија, а исто така и со оган да ја покрива пешадијата“, пишува иранскиот весник.

Во НАТО, овој хеликоптер го доби името Hind (Срна), а советските пилоти го нарекоа „Крокодил“ поради оклопот, големата брзина и моќното вооружување. За споредба, овој хеликоптер може да носи вооружување тешко вкупно 2400 килограми, а сите проектили на тенкот Т-72 тежат помалку од еден тон.

Ми-28

На второто и третото место стручњаците ги ставија Ми-28Н „Ноќен ловец“ и Ка-52 „Алигатор“.

Ка-52

Овие јуришни хеликоптери се наменети за уништување цели и не можат да транспортираат пешадија. Затоа пак можат да извршуваат борбени задачи во секое време на денот и ноќта и во сите временски услови. Имаат автоматски топ што испукува од 200 до 800 проектили во минута.

Ми-8

Ми-8 е транспортен хеликоптер, но може да извршува и борбени задачи, меѓу другото и да ја покрива со оган пешадијата. Може да се користи и како мобилен воздушен команден пункт за десантирање, како и за воздушно извидување.

„Масовното производство на хеликоптерот Ми-8 почна далечната 1967 година, но ова летало сé уште се произведува, што е феномен во историјата на авионската индустрија“, се вели во наведениот весник.

Ми-26

Ми-26 е исто така на списокот, затоа што тоа е хеликоптер со најголема носивост на светот. На надворешните носачи може да носи 20 тони товар.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња