ВИДЕО: Руски воени инструктори спроведоа обука на сириски снајперисти

Руски воени инструктори спроведоа специјален тренинг за своите колеги во Сириската Арапска Република.

На полигон кај Алепо воени инструктори од Русија спроведоа тренинг на сириски снајперисти при што беа одработени елементи на камуфлирање, пишува ТВ „Ѕвезда“.

„Не ги покриваме движечките механизми на пушката, затоа што затворачот треба да се движи. Главната работа за снајперистот е да го маскира горниот дел од своето тело. Затоа што кога човек нишани додека лежи, му се гледа главата“, раскажа за особеностите на снајперската камуфлажа пред Сиријците рускиот инструктор.

Сириските снајперисти имаат долгогодишно искуство во борбата против терористите, но немаат познавања од тактички дејствија, конкретно за методите на прикриено движење.

„Обрнуваме внимание на маскирањето затоа што сириските сили имаат многу малку средства за маскирање во својот арсенал и им пренесуваме искуство - како да направите маскирни наметки со материјали што ви се при рака, особено од вреќи со коноп, што се малку забележливи на терен, во пустина“, изјави рускиот воен советник пред новинарите.

Инструкторите им демонстрираат и на снајперистите како да се кријат зад дрво. Уште една задача на обуката е и прецизно гаѓање на цели на растојание до 500 метри.

Антитерор: Погледнете дејство на руски снајперисти во Сирија (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња